EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Мали совети кои можат многу да значат во бракот

Многу парови ги започнуваат љубовните врски мислејќи дека ги очекуваат само среќни моменти.
Истото важи и за многумина кои стапуваат во брак. Порано или подоцна, повеќето од нив сфаќаат дека љубовните врски не се само мед и млеко, туку сериозно ангажирање. Всушност, кога ќе размислите за тоа, ништо вредно не доаѓа лесно и не останува со вас, па така ниту среќата во бракот.
Ако сте сериозни во намерата вашиот брак да биде успешен, треба да знаете дека за тоа треба многу труд. Она што добро ќе ви дојде во целата приказна се мали корисни совети кои можат да ви помогнат да ја зајакнете вашата врска.

Заедно правете нешто забавно
Исклучително е важно како го поминувате времето со вашиот сопруг. Ако сте само случајни цимери кои живеат под ист покрив, таква ќе биде и вашата врска. Покрај сите обврски кои ги имате во текот на денот, важно е да најдете време да направите нешто заедно. Тоа може да биде утринско трчање, заедничко туширање, одење во теретана, шопинг, подготовка на оброци или гледање филмови – што и да ве релаксира.

Имајте на ум дека никој не е совршен
Многу е лесно да се занемари фактот дека самите не сме совршени, ако се фокусираме само на маните на партнерот. Значи, свесноста дека покрај доблестите имате и свои маани, ќе ви овозможи да ги прифатите оние аспекти на личноста на партнерот кои можеби не ви се допаѓаат особено. На овој начин, ќе создадете место за простување во вашето срце, пред да изберете да се навредите.

„Покажете му дека мислите на него и внимавајте на работите што го засегаат“

Разговарајте за сè
Колку и да нагласуваат дека комуникацијата во бракот е важна, паровите се чини дека забораваат на тоа штом ќе се појави проблем. Брачната врска е изградена на цврсти основи на комуникација. Што и да ве мачи, нема подобра опција од разговор со партнерот. Немојте тоа да го задржувате за себе и да оставите да зоврие во најлошиот можен момент.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

КОПИЈА НА СВОЈАТА МАЈКА – се соблече во бикини ќерката на Мелита Ракичевиќ, кога ќе видите каква убавица е Барбара ќе подзинете (ФОТО)

Angela

Безос ќе донира 100 милиони долари за помош на Хаваи

Angela

КОЈ ТИ ГО КАЖА ТОА ДА МИ ОДГОВОРИШ ОДМА – Цеца бесна на внукот Жељко, еве како ја нарече додека камерите ги снимаа двајцата (ВИДЕО)

Angela