EXCLUSIVE MK
Ракомет

Мандиќ: Вардар има нов тим, мора да сме на ниво во одбраната

Во име на ППД Загреб пред натпреварот против Вардар 1961 во СЕХА-лигата во Скопје говореше капитенот Давид Мандиќ. Крилото на „плинарите“ со почит зборуваше за македонскиот тим и кажа дека очекува еден добар и борбен меч.

„Во борба за Ф4 сме со екипа која можам да кажам дека сме во егал по сите сегменти, така што се надевам на еден добар и борбен натпревар. Вардар прилично го промени ростерот и се добра екипа за која мораме да се подготвиме. Мора да играме добра одбрана каква што имавме во Добој. Ние сме една нова екипа со постари и искусни играчи кои од нас младите го вадат максимумот. Владее одлична атмосфера, се надеваме на победа во Скопје“, изјави Мандиќ.

По долго време Вардар 1961 ќе има поддршка, затоа што во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра пред 1.800 гледачи согласно протоколите за заштита од ширење на ковид-19. Натпреварот меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб се игра на 26 август од 20:15 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ексклузивно ВИДЕО: Прва навивачка химна од навивачите за ракометната репрезентација за ЕП

Angela

Борко по триумфот на Вардар над Пелистер: Тоа е таа екипа!

Angela

„Експертите“ со втор триумф – Франција не виде мака против Бразил

Angela