EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Навивачите го свиркаа цел натпревар: Донарума плачел во соблекувална

Џанлуиџи Донарума имаше пеколен кам-бек на „Сан Сиро“ синоќа за време на натпреварот помеѓу Италија и Шпанија во полуфиналето на Лигата на нации.

„Аѕурите“ загубија со 1-2, а најголем дел од навивачите присутни на стадионот го свиркаа италијанскиот голман. Веројатно сите беа навивачи на Милан, кои се огорчени на начинот на кој Донарума си замина од клубот изминатото лето.

Тие никогаш нема да му го простат предавството по сè што клубот направи за него додека го бранеше голот на „росонерите“. Италијанските медиуми објавуваат дека на голманот му паднало многу тешко по натпреварот, па во соблекувалната плачел поради непријателскиот дочек од сопствените навивачи.

Дури и италијанскиот селектор Роберто Манчини ги критикуваше навивачите.

„Секако дека не му беше пријатно исто како и на нас. Џиџио беше добар“, рече Манчини. „Очигледно е дека сме разочарани, бидејќи ова беше натпревар на Италија, а не клупски натпревар. Можеа да ја остават лутината на страна барем на еден натпревар и можеби да ги чуваат свирежите за дуел помеѓу Милан и ПСЖ, бидејќи Италија треба да биде над сите“, додаде селекторот.

Донарума дебитираше на голот на Милан кога имаше само 16 години и веднаш го покажа својот неверојатен талент. Кога имаше само 18 години потпиша нов договор со клубот според кој заработуваше фантастични шест милиони евра по сезона, а како дел од новата соработка беше и неговиот брат Антонио Донарума да дојде во клубот и да добива плата од 1 милион евра иако беше трет голман.

Навивачите тогаш ја „голтнаа“ оваа „кнедла“, но не му ги заборавија уцените сега кога си замина. Тој изминатото лето имаше понуда за нов договор од Милан во висина од осум милиони евра, но го одби и потпиша за ПСЖ како слободен агент за плата од 12 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава

Angela

Видео кое ќе ве насмее до солзи: Кога Босанец објаснува зошто неговата жена е убава

Angela

ДОДЕКА ВЕЉКО И ЦЕЦА МОЛЧАТ СЕ ОГЛАСИ И БРАТОТ НА ГУДЕЉ – тешките зборови и особено фотографијата ќе ја докрајчи Анастасија (ФОТО)

Angela