EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Над триста возачи казнети за брзо возење и непрописно претекнување

За време на сообраќајните контроли на територијата на земјата полицијата им напиша казни на 255 возачи кои биле регистрирани со радар дека возеле побрзо од дозволената брзина, а санкционирани се 84 возачи кои непрописно претекнувале.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција им напиша казни на 255 возачи за брзо возење, од кои 84 возачи не ја почитувале дозволената брзина во населено место, додека останатите возеле брзо на отворен пат.

„Од санкционираните, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 16 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување на територијата на целата држава, во рамките на која вкупно биле санкционирани 84 прекршоци, од кои најголем број на територија на СВР Тетово-39, информира МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во тек е етапната исплата на августовските пензии

Angela

Роналдо го симна Касиљас од врвот и запиша нов рекорд во ЛШ

Angela

Еве како да сварите јајца, а да не ви пукнат: Трик што секој мора да го знае пред Велигден

Angela