EXCLUSIVE MK
Исхрана

НАМАЛЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ: Ви носиме рецепти од народната медицина

Се прашуваште како да го намалите шеќерот во крвта без да „фрлате пари“ на апчиња?

Чај од ловоров лист

Ставете 8 ливчиња ловор во 300 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 4 часа. Процедете и земајте по половина чаша 3 пати на ден во текот на 3 дена, а потоа направете пауза од 2 недели.

Напиток со цимет

Еднаш дневно, најдобро наутро, додајте една лажичка цимет во шолја кефир. Промешајте, па испијте го наутро. Оваа мешавина ќе го подобри метаболизмот и ќе го намали шеќерот. Ако не поднесувате млечни производи, циметот додајте го во чајот или во млака вода.
Најдобро е да користите цимет во стапчиња, изрендајте го и ставете го во пијалакот.

Напиток од бел грав

Навечер сипете половина чаша ладна вода, во која ќе додадете три зрна бел грав. Наутро изедете го гравот и испијте ја водата. Еден час потоа ништо не јадете, потоа појадувајте.

Каша од хелда со кефир

Хелдата содржи голема количина на витамините од групата Б, фолна киселина, фосфор, железо и други елементи во трагови што го заситуваат организмот и не влијаат врз зголемувањето на гликозата.
За да направите народен лек од хелда, земете неколку лажици брашно од хелда, прелијте го со кефир и оставете го да отстои преку ноќ. Наутро изедете ја кашата наместо појадок.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НЕМА КОЈ НЕ САКА ОБЛАНДИ! Рецепт кој им успева и на почетници (ВИДЕО)

Angela

Зелениот чај нуди десетици придобивки

Angela

Десерт на денот: Сладолед од лешник кој лесно се прави дома

Angela