EXCLUSIVE MK
Љубов и интима НАСЛОВНА

Најчестите причини зошто партнерот сè уште не ве запросил

Сите твои пријателки се веќе во брак или наскоро ќе стапат, но вашиот долгогодишен партнер никако да се реши да го постави судбоносното прашање? Секако дека ќе почнете да си поставувате прашања кои ве мачат, но и за тоа постојат причини.

Ова се најчестите од нив:

1. Некои мажи сè уште не се спремни за брак

Типично за жените е да се чувствуваат повеќе подготвени за брак од просечниот маж.

„Историски гледано, мажите биле поспремни да се венчаат кога ќе станат финансиски сигурни, а жените кога ќе посакале дете“, вели биолошкиот антрополог д-р Хелен Фишер.

Тоа не значи дека мажите не размислуваат за брак. Многу е важно да се погледнат работите и од нивна перспектива. Можеби вие ќе мислите дека сè сте постигнале и оствариле, но за мажите е многу важно да се подготвени за финансискиот товар на брачниот живот.

2. Можеби смета дека вие не сте вистинската

За брак се потребни многу работи, не само да ви биде пријатно со некого или убаво со него. И да се биде доволно среќен не е причина за да ве побара за жена. Ниту долгата љубовна врска.

Бракот е сериозен потфат, животна обврска. Ако вие двајца не може со заеднички сили да ги решите личните проблеми во врската, тогаш веројатно не сте еден за друг.

Понекогаш, и покрај најдобрите намери работите едноставно не се онакви какви што сакаме да бидат.

3. Некои мажи не веруваат во идејата за брак или бракот како институција

За некои мажи бракот не претставува ништо освен лист хартија. Ако се воспитани во религиозна личност, бракот може да им значи нешто, но постои и веројатност бракот да не му е толку важен како создавање љубов.

На некои мажи може идејата за брак да не им се допадне поради тоа како гледаат на бракот на неговите родители или можеби биле претходно во брак, па тоа испаднало катастрофално.

4. Преплашен е од очекувањата на партнерката

Очекувате премногу од неговиот предлог за сопруга или едноставно не е подготвен за такво нешто. Во секој случај, вие не сте виновна за тоа. Очекувањата го спречуваат да ве побара за жена, тоа е факторот страв. Не сака да ве разочара.

Најдобро е да разговарате на оваа тема и да му дадете до знаење дека во секој случај што и да смисли ќе биде идеално.

5. Всушност, вие двајцата воопшто не сте разговарале за тоа

Ако тој не знае дека вие саката брак, тоа нема ни да му падне на ум. Не очекувајте партнерот да ви ги чита мислите. На крајот на краиштата, ако сакате да ја знаете причината мора да разговарате за тоа. Бракот е голема животна одлука и добро е да се знае што тој очекува од заедничкиот брачен живот. Ако сте толку сигурна дек тој е вистинскиот, тогаш треба да навикнете да разговарате за работи кои ве плашат и создаваат непријатности.

Бракот и љубовта не се синоними. На различни луѓе им значат различни работи и додека не разговарате, нема да знаете на што сте.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто мачките толку многу мразат вода?

Angela

Овие хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во мај 2023 година?

Angela

Раното будење носи ризик од болести, грижете се за својот сон

Angela