EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Не постои само еден, туку пет видови на неверство

Кога зборуваме за прељуба во бракот и го користиме зборот „афера“ или „неверство“, не обрнуваме многу внимание на неговото објаснување. Додека за некои тоа е измама и не ја надминуваат, многумина веруваат дека не е исто ако некој ве изневери по бурна расправија и со случаен странец, или ако аферата со друго лице трае со години.

Ако верувате дека постои разлика, тогаш правилно идентификуваната афера може да ви помогне да донесете вистинска одлука дали да останете во бракот или да заминете.

Афера „двоен живот“

Овој вид афера се јавува кај луѓе кои се многу малку емотивно врзани за својот партнер. Нивниот брак е повеќе како деловно партнерство. Иако можеби се посветени на својот брак и ќе го направат успешен, во исто време тие копнеат по нешто што во бракот го немаат. Тоа се најчесто интимност, романтика и разбирање. Нивната посветеност кон личноста со која се во брак ги спречува да го напуштат, поради што се одлучуваат за двоен живот.

Емоционална – нефизичка афера

Овој вид афера може да биде подеднакво, ако не и повеќе, шокантна и деструктивна отколку сексуална афера. Недостатокот на физички контакт во овој случај се користи како изговор за да не биде афера. Луѓето вклучени во емоционални афери ги оправдуваат своите постапки со тоа што велат дека тие не се виновни што нивниот најдобар пријател е од спротивниот пол. Некои дури и длабоко веруваат во тие зборови, и не се ни свесни дека го изневеруваат својот партнер. Иако постојат искрени пријателства меѓу мажи и жени, емоционалната афера оди подлабоко од тоа.

Афера за една ноќ

Овој тип на афери обично се непланирани и се последица на импулсивна одлука, донесена во погрешно време. Деловни патувања или ноќни излегувања се оние кога најчесто се случуваат вакви скандали. Иако може да се случи таква врска да биде со некој кој личноста која изневерува го знае, обично е странец. Алкохолот и опијатите од различни видови придонесуваат за впуштање во такви афери.

Афера – излезна стратегија од бракот

Како што кажува и самото име на оваа афера, тоа се случува во брак во кој личноста е незадоволна и која чувствува дека повеќе не е заљубена во својот брачен другар. Таквите лица наведуваат дека личноста со која се во брак ја доживуваат како брат или сестра. Можеби тие гледаат на нивниот брак како ќорсокак и аферата служи како стратегија за излез од бракот во кој залутале.

Сериска афера – неверство што се повторува

Овој тип на афери обично се случува кога сексуалната зависност е присутна кај личност во брак. Дури и ако се опишува себеси како некој што е задоволен од изборот на својот сопружник, личноста не може да одолее на своите опсесивни потреби и компулсивно однесување. Можеби ви е тешко да поверувате, но оваа форма на зависност е вистинска и навистина е тешко луѓето да ја контролираат.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЌЕ ТРИЕТЕ ОЧИ КОГА ЌЕ ВИДИТЕ КАКО ИЗГЛЕДА – објавена снимка од Александра Пријовиќ во бикини, вакво тело посакува секоја девојка на тие години (ВИДЕО)

Angela

Ги красат прекрасни карактеристики: Луѓето родени во ЈУНИ се посебни

Angela

НАПРАВИ САМА: 3 делотворни рецепти за домашна козметика

Angela