EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Облачно и ветровито време со температури до 17 степени

Времето денеска ќе се карактеризира со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по котлините, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд, информираат од УХМР.

Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер кој преку ноќта во овој регион ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен северен ветер кој ќе продолжи и преку ноќта.

Максималната температура во главниот град ќе достигне до 15 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

5 причини зошто во исхраната треба да внесете ротквици

Angela

Лицата родени во овој хороскопски знак ќе направат се за вас

Angela

Лада нива на струја, за пристојни пари (ФОТО)

Angela