EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Оваа храна е најлоша за црниот дроб

Болеста на замастениот црн дроб има два облици – едниот ги погодува луѓето кои претерано консумираат алкохол, но другиот облик може да се појави и кај луѓе кои не пијат, а за сè е виновна исхраната.

Неалкохолната болест на замастен црн дроб подразбира дека сите маснотии се наталожиле во овој орган и ги загрозиле неговите функции, а една намирница е особено погубна за него.

Црвеното месо може да го зголеми ризикот од неалкохолна болест на замастен црн дроб, наведува истражување во журналот „Клиничка исхрана“. Истражувањето опфатило податоци од дури 78.000 жени, собирани во период од 2 децении, а било утврдено дека оние жени кои јаделе месо само еднаш неделно биле изложени на многу помал ризик од појава на оваа болест.

Жените кои јаделе црвено месо повеќе пати неделно, па дури и секој ден, биле далеку повеќе изложени на ризик од болест на замастен црн дроб.

Нутриционистите и лекарите предупредуваат и дека не е сеедно во кој облик го консумирате месото. Свежото месо предизвикува помал ризик од обработеното, како што се сувомеснатите производи.

Во нив има цела низа лоши состојки кои го слабеат имунитетот и го зголемуваат ризикот од хронични заболувања.

„Потребни се уште истражувања за да се утврди точната врска помеѓу црвеното месо, месните преработки и болестите на црниот дроб. Но, сите би ги советувала да јадат повеќе растителни протеини, помалку рафинирани јаглехидрати и месото да го третираат како колач – да го јадат само одвреме-навреме“, вели диететичарката Кристин Киркпатрик.

Неалкохолната болест на замастениот црн дроб најчесто не предизвикува никакви симптоми додека не биде во напредна фаза, па ако сте загрижени, консултирајте се со лекар. Неколку знаци на предупредување се хронична исцрпеност и болка во горниот десен дел на абдоменот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Angela

Вистина или само верување: Дали природната козметика е навистина здрава?

Angela

5 нешта кои се смртоносни исто како пушењето

Angela