EXCLUSIVE MK
Љубов и интима НАСЛОВНА

Овие особини откриваат дека жената е врвна љубовница

Без разлика дали во прашање е слушање на фантазиите на партнерот или уживање во своите, отвореноста кон различни предлози и опции е една од карактеристиките што ги прави дамите неодоливи во очите на мажите

Не мора да знаете десетици пози од Камасутра за да бидете одлични во кревет – доволно е да имате некои од овие квалитети. Што повеќе, толку подобро…

Не осудувате

Без разлика дали во прашање е слушање на фантазиите на партнерот или уживање во своите, отвореноста кон различни предлози и опции е една од карактеристиките што ги прави дамите неодоливи во очите на мажите. Секогаш имајте на ум дека станува збор за фантазија и дека никој не вели дека она што вашиот партнер ви го открил, мора некогаш да го направите. Само слушајте што има да каже – може да слушнете многу интересни работи.

Иновативни сте

Некој гледа потпирач за грб на софата, вие гледате одлично место за да испробате некои пози. Некој гледа градник, вие гледате одлично средство за врзување. Бидете креативни и направете што било поинтересно од редовните сексуални активности.

Имате доволно самодоверба

Помислете на најдобриот секс што некогаш сте го имале – големи се шансите дека вашиот партнер бил страствен, полн со ентузијазам и од него избивала некоја привлечна енергија. Можеме да се обложиме дека не му било гајле како изгледа, какво е осветлувањето во собата или дека се жалел на својот опуште стомак. Затоа запомнете – вие сте секси колку што се сметате.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Нагло будење на вегетацијата и цветање кај овошките, најавуваат агрометеоролозите

Angela

Колку време можат да стојат јајцата без да се расипат?

Angela

Трет син за Ана и Бастијан: Се породи убавата тенисерка

Angela