EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Од викендов започнува зимското сметање на времето

Претстојниот викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 3 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ.

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време за првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од Октомври оваа година, ова е најверојатното последното преминување од летен во зимски мод.

Стрелките на часовникот не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Суспендиран профилот на министерот на здравство Венко Филипче на Твитер

Angela

Пробиотици – превентива и терапевтски избор при летни цревни инфекции

Angela

Направете си сами миризлива бомба за капење и уживајте во топла купка

Angela