EXCLUSIVE MK
Астрологија

Од што најмногу се плаши вашиот хороскопски знак?

Ако верувате во астрологијата и нејзините аспекти, веројатно понекогаш сте поминале доста време гордо проучувајќи ги позитивните страни на својот астролошки знак. Но, со помош на астрологијата можеме да проучиме и некои темни и скриени страни на својот астролошки знак, како стравови и фобии.

ОВЕН: СТРАВ ОД ЗАГУБА НА ЛУЃЕ За овните единствено пострашно од пораз во караницата, претставува загубата на пријатели, иако тоа често се сфаќа дури откако караницата е завршена, токму затоа што не сакаат да губат. Овните се борци, а потребата за борба е во нивната природа. Уживаат во битки, а ако во близина нема можност да започнат караница, во таа ситуација, ќе им се спротивстават и на своите најблиски, а за тоа воопшто не се ни свесни.

БИК: СТРАВ ОД ФИНАНСИСКА НЕСТАБИЛНОСТ Биковите сакаат да се чувствуваат комотно, а уживаат во чувства кои ги имаат кога се опкружени со добра храна, добри пријатели и добра атмосфера. Поради нивните потреби за постојано чувство на комотност, кое подразбира и финансиска стабилност, биковите своите пари борбено ги чуваат. Ако состојбата на нивната банкарска сметка стане загрижувачка, првата работа за која ќе се загрижат се промените кои ќе мора да ги воведат во својот живот. Биковите не заработуваат пари само за да ги заработат, тие парите ги заработуваат за да би можеле да ги потрошат, поради што најголем страв им е оној од финансиска нестабилност.

БЛИЗНАЦИ: СТРАВ ОД ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ Близнаците своите одлуки, мислења и избори ги менуваат често, а причината за тоа е што едноставно не чувствуваат потреба да се придржуваат до нив. Својот став го менуваат толку често што и ќе заборавите што ви рекле прв пат, а тоа е карактеристика која некои од нив ги сместува во категоријата превртливи манипулатори.

РАК: СТРАВ ОД НАПУШТАЊЕ НА ДОМОТ Раковите сакаат да останат во својата безбедна зона на удобност, место на кое никој не може да им наштети што ги прави ултимативни агорафоби. Агорафобијата претставува страв од чувство на заробеност на јавно место и отворен простор, односно онеспособеност за бегство и барање помош, а кај раковите се манифестира во тежина да останат на местото на кое навикнале, поради што доаѓа до изолација која не е добра за нив.

ЛАВ: СТРАВ ОД ИГНОРИРАЊЕ Ако постои една работа која лавовите не ја поднесуваат, тоа е нивната појава да остане незабележана во просторијата. За нивна среќа, својот страв може да го победат со сопствена мотивација, поради што речиси е невозможно да се игнорираат, без разлика дали е поради нивниот изглед, облека или начин на изразување, а често и поради комбинација од сите наведени фактори. Лавовите мора да бидат видени, а според нивниот ментален склоп, другите мора да го видат она што го прават, инаку таа работа нема еднаква вредност, како и кога уште никој не сведочел.

ДЕВИЦА: СТРАВ ОД НЕСОВРШЕНОСТ Најмалиот знак на неорганизираност во нивните животи девиците ќе ги направи очајни. Не е потребно многу за да девиците ги лансирате во нивниот вртолог на негативност, бидејќи тоа по природа се негативни личности, иако ќе се обидат да ве убедат дека се само реални. Организираноста е начин на кој се обидуваат да ги имаат под контрола своите емоции. Иако мислат дека нивниот страв пред се е насочен на надворешната несовршеност, всушност се плашат од својата внатрешна несовршеност.

ВАГА: СТРАВ ОД ОСАМЕНОСТ Интелигентни, стравствени и полни со љубов, вагите се исклучително добри љубовни партнери. Тешко е да се замисли дека таквите личности го поминуваат животот во самотија, а тоа е особено тешко за вагите кои често размислуваат за својот најголем страв, оној од осаменост. Типично вагите се или сериозни моногамисти или постојано во депресија, поради што ќе се согласат и на помалку од она што го заслужуваат само да не мора да го поминат животот сами.

ШКОРПИЈА: СТРАВ ОД ИНТИМНОСТ Шкорпиите се мрачни и сложени луѓе кои се пречувствителни за  да можат воопшто ги изразат своите чувства целосно, а нивната чувствителност понекогаш е парализирачка. Поради страв од тоа дали другите ќе ги напуштат, доаѓа и до нивен страв од интимност. Како резултат на тоа, имаат тенденција на зближување со партнерот за да на крај го оттурнат од себе, преку афера со други лица или емоционално повлекување.

СТРЕЛЕЦ: СТРАВ ОД ОГРАДЕН ПРОСТОР Стрелците се природни истражувачи, сакаат да патуваат и да го истражуваат светот во потрага за лични вистини. Водени од планетета Јупитер, позната и како планета на експанзијата, ги прави диви коњи предодредени за скитање. Можеби токму влијанието на Јупитер е заслужен за клаустофобијата кај стрелецот, без разлика дали е во прашање  буквален страв од затворени простори или страв од дневни одговорности кои може да ги направат ограничени, како доверување на состојба на банкарски сметки пред заминување на патување. Стрелците не ги плаши ништо повеќе од препреките на нивната слобода.

ЈАРЕЦ: СТРАВ ОД НЕУСПЕХ Јарците се работохоличари. И нивните умови се ориентирани кон работата, а зависноста од работа, им изгледа како најдобар вид на зависност. Но, сенка на нивната можност да станат успешни, прави длабоко вкоренет страв од неуспех. Поради тој страв, често не се во брзање со своите планови и активности, а поради карактеристиките дека нивните стравови ги мотивираат да успеат се слични на лавовите.

ВОДОЛИЈА: СТРАВ ОД ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРАЊА Водолиите ќе го поминат целиот свој живот, обидувајќи се да избегнат било каков вид на интелектуално заробеништво. Во тој аспект им се слични на стрелците, освен што нивната клаустофобија е насочена кон институции како корпорација, училиште, болница или брак. Сите овие институции во нивната глава претставуваат интелектуално заробеништво. Затоа и не ја сакаат идејата на собирање во било која од тие групи. Водолиите се оригинални и често се многу среќни, посебно кога сите ќе ги остават на мир.

РИБИ: СТРАВ ОД ОДГОВОРНОСТ Рибите живеат во светот на фантазиите во кој исто како Петар Пан не сакаат да пораснат, иако е прашање дали и воопшто би можеле и да сакаат. Рибите се полни со контрасти – поседуваат многу мудрост без грам зрелост во нив, а поседуваат и дарба на неисцрпна креативност, што ги доведува до неспособност на соочување со секојдневните предизвици. Поради тоа, многу риби утеха бараат во пороците како алкохол и дрога, за да  можат полесно да се спротивстават на предизвиците од надворешниот свет.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскопски знаци кои ги очекува понуда за брак до крајот на годината

Angela

Месечен хороскоп за септември

Angela

Плутон во Водолија: Огромни трансформации и испишување на нови правила

Angela