EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Откриени тајните сметки на Гвардиола со кои затајувал данок

Светската јавност вчера беше изненадена кога беше објавено најголемото истекување на доверливи информации во историјата наречено „Pandora Papers“.

Документите што протекоа во јавноста предизвикаа голем хаос бидејќи го откриваат богатството на околу 35 светски лидери, но и повеќе од 300 службеници од целиот свет, вклучително и неколку луѓе од светот на спортот.

Тренерот на Манчестер сити се најде во документите поради тајна сметка во Андора. Шпанските медиуми објавија дека Гвардиола така избегнувал плаќање на данок, а сметката ја отворил уште додека бил фудбалер на Барселона.

Гвардиола има 500.000 евра на таа сметка, за што платил само 10% данок. Овие пари Гвардиола ги заработи на крајот од играчката кариера додека го носеше дресот на Ал Ахли.

Гвардиола го сокрил својот идентитет и се претставува како член на фирмата „Репокс Инвестментс“. Оваа банка ја користел Гвардиола и додека бил тренер на Барселона, а сега се објавени сите податоци во јавност.

Шпанскиот тренер не ги пријавил тие пари на даночната служба во Шпанија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дарежливост на Универзумот: Три хороскопски знаци ќе станат по чудо богати до почетокот на јуни

Angela

Стои на раце на 60 години: Лидија Вукичевиќ се надмина себеси – оваа поза е тешка и за двојно помладите (ФОТО)

Angela

Во сабота е голем празник: Ѓурѓовден е врзан за здравје и женачка- еве што треба да направите

Angela