EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Петмина загинати на аеродромот во Кабул

Петмина луѓе загинаа денеска во хаосот на аеродромот во Кабул, каде што американската војска продолжува со евакуацијата на вработените во амбасадата во САД, ден откако талибанците влегоа во градот и прогласија крај на војната во Авганистан.

Нејасно е како починале жртвите. Американски официјални лица потврдија дека војската денеска пукала во воздух со цел да спречи Авганистанци да влезат во воен авион, кој требало да превезе американски дипломати. Еден очевидец изјави дека не е познато дали загинатите биле застрелани или биле прегазени во стампедо.

Во Кабул настанаа паника и хаос набргу откако талибанците вчера го окружија градот, а потоа и го освоија без борба. Илјадници жители синоќа се упатија кон аеродромот, обидувајќи се да фатат некој од последните комерцијални летови од земјата. Тие денеска главно се суспендирани, откако американската војска ја презеде контролата врз аеродромот и воздушниот сообраќај. Улиците на Кабул денеска се празни и пусти.
Животот, имотот и честа на сите ќе бидат заштитени од муџахедините“, изјави портпаролот на талибанците, Сухаил Шаин.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за 1 декември

Angela

Ако сте родени во некој од овие три знаци, подгответе се за бурен април

Angela

ФОТО: Марк Ентони стана татко по седми пат, со 30 години помладата сопруга ја објавија првата фотографија од бебето

Angela