EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Пет измени за секој тим влезе во официјалниот фудбалски правилник

За време на пандемијата со коронавирусот фудбалските екипи добија можност да прават по пет измени за време на еден натпревар.

Овој понеделник во Доха се разговараше тоа правило да се користи и во иднина. Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) на последниот состанок даде „зелено светло“ тимовите да продолжат со штедење на своите фудбалери. Во иднина на клупата за резерви шанса ќе чекаат 15 наместо 12 играчи.

Можноста за уште една измена во случај на потрес на мозокот кај еден фудбалер дополнително ќе се тестира. Пробниот период беше продолжен за една година до август 2023 година за да се соберат повеќе податоци.

ФИФА најави дека е „многу важно да се внимава на здравјето на фудбалерите“. Се разгледува и опција за заштита на судиите, кои во иднина би можеле да носат камери на телото за време на натпреварите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Правила за секс во туѓа куќа

Angela

ВИДЕО: Убавата Наташа тргна да ја извади градата за да ја покаже тетоважата, новинарот остана во шок

Angela

Фотографија стара три децении: Еве како изгледала Дара Бубамара пред естетските корекции

Angela