EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Убавина

ПОРАДИ ОВИЕ УТРИНСКИ НАВИКИ СЕ ДЕБЕЛЕЕТЕ! Обидете се да ги избегнете!

Научниците докажаа дека постои јасна врска помеѓу нашите утрински навики и ризикот да предизвикаме нерамнотежа во телото, што предизвикува зголемување на телесната тежина.

Треба да ги отстраните овие работи од утринската рутина!

1. Не појадувате

Времето кога јадете е многу поважно од она што го јадете. Научниците докажаа дека обилниот појадок и лесната вечера се многу поефикасни кога станува збор за одржување на тежината, а не диета базирана на често и лесно грицкање.

Тоа е затоа што стапката на метаболизмот варира во различни делови од денот. Главниот заклучок до кој дојдоа научниците беше дека никогаш не треба да јадете калоричен појадок. Вашиот ручек треба да биде со средна големина, а вечерата треба да биде лесна.

2. Не шетате кога е сончево

Сончевата светлина буквално согорува маснотии. Барем, маснотии од белото ткиво. Научниците спроведоа експеримент и докажаа дека липидите се намалуваат во големина кога се изложени на сончева светлина.

Ова откритие делумно објаснува зошто луѓето се дебелеат во текот на зимата кога има недостаток на сончева светлина. Само имајте на ум дека поминувањето премногу време на сонце не е добра идеја и секогаш бидете сигурни дека имате нанесено крем за сончање.

3. Заборавате да испиете чаша вода откако ќе станете

Телото на возрасно лице се состои од 55 до 60% вода, така што пиењето чаша вода по будењето е многу добра идеја. Водата го забрзува метаболизмот, со што се намалува ризикот од добивање маснотии. Исто така, му помага на телото да се ослободи од токсините.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

5 намирници кои не треба да се јадат за појадок: Грешка која сите ја правиме!

Angela

Полнети палачинки: Жешка чоколадна сензација готова за 10 минути

Angela

Рецепт за домашни посни крофни: Што да јадете за Велигденските пости

Angela