EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

После една и пол година, учениците се враќаат во училиштата

Денеска почнува школската година, и таа ќе биде со физичко присуство, после една и пол година поради пандемијата. Минатата година само учениците од прво до трето одделение беа со дизичко присуство, додека останатите посетуваа настава он-лајн.

Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со хронични и ретки болести, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите како и други немедицински причини, а со претходна дозвола од училиштето.

Училиштата беа затворени минатата година во март, на почетокот на кризата поради коронавирусот, и наставата продолжи онлајн. Почетокот на учебната година лани доцнеше еден месец.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во вчерашното гостување на ТВ21 во „10МИНУТИ“ апелираше на почитување на мерките, истакнувајќи дека се е подготвено за старт на учебната година.

„Мерките се јасни, и сите имаа три месеци да ги разгледаат и сега следува нивно применување. Верувам дека моделот на настава со физичко присуство за сите ученици со утврдени и ситуации кои може да бидат исклучок, ќе биде одржлив. Совршен систем нема, но апелирам на почитување на мерките на сите учесници во процесот“, рече Царовска.

Во моменталните жаришта низ земјава како што се Тетово и Гостивар, наставата почнува он-лајн и така ќе биде во следните две недели, додека во Кичево и Струга првата недела ќе се посетува он-лајн настава, а потоа се продолжува со физичко присуство.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Смешно видео: Како е да се биде родител? (видео)

Angela

Обединетите Арапски Емирати ги забранија комерцијалните дронови

Angela

Кокаинот доаѓа во Европа со јужното овошје?

Angela