EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Почина германскиот амбасадор во Кина

Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер, почина на 54-годишна возраст. Тој на служба во Пекинг дојде на крајот на август.

Амбасадорот Јан Хекер, оженет и татко на три деца, почина на 54-годишна возраст. Околностите на смртта сѐ уште не се познати. Хекер во август, по пристигнувањето во Пекинг со семејството, прво го помина пропишаниот период за карантин поради пандемијата на корона.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи во Берлин во врска со смртта на амбасадорот во Пекинг, се вели: „Со длабока тага и запрепастеност реагиравме на изненадувачката смрт на германскиот амбасадор во Кина, проф. д-р Јан Хекер. Нашите мисли во овој момент се со семејството и луѓето кои му беа блиски.“

Канцеларката Ангела Меркел, пак, во изјава вели: „Тагувам по високо ценетиот долгогодишен советник со длабока човечност и извонредна стручност.“

Пред да стапи на амбасадорската функција во Пекинг, Хекер беше раководител на одделот за надворешна, безбедносна и развојна политика во Канцлерамтот. Како советник за надворешна политика беше близок соработник на Меркел.

Експертот по право и политиколог Хекер од 2011 до 2015 година беше судија во Сојузниот управен суд, а претходно, од 1999 до 2011 година, работеше во Министерството за внатрешни работи. Должностите на Хекер во Пекинг привремено ќе ги преземе неговиот заменик Франк Рикерт.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пристигна косовската делегација за првата заедничка седница на двете влади

Angela

Крај на нивната ера во Британија: Хари и Меган ги вратија клучевите од куќата Фрогмор

Angela

ВИДЕО: Приватни снимки од Вилијам и Кејт, погледнете како изгледаше крунисувањето на Чарлс зад сцената

Angela