EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Предлог законот за државјанство го поминува вториот филтер во Собранието

Предлог закон за државјанство е пред усвојување. Комисијата за европски прашања денеска го затвори разгледувањето на амандманите, за да се отвори патот за гласање на Законот на пленарна седница. Во главното тело беа разгледани пет амандмани, додека наместо дебатата, пратениците Македонци од опозицијата се фокусираа само на процедурални забелешки.

„Денеска завршуваме со работата на Комисијата, така што точката да биде готова за поднесување на пленарна седница. Процедуралните интервенции се карактеристични во работата на оваа Комисија, без да има процедурални забелешки, но фокусирајќи се на тоа дали е потребно или не донесување на ваков Закон“, рече Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања.

Парламентарното мнозинство очекува македонската опозиција да не се обидува да го попречува Законот за време на пленарната седница.

„Посакувам да нема „филибастер“, да нема одолговлекување на процедурите, ниту пристап до попречување на донесување на овој Закон, иако верувам дека такво нешто е минимизирано и наскоро ќе го усвоиме овој Предлог закон“, додаде Адеми.

Иако повеќето амандмани беа поднесени од Левица, нејзините пратеници не беа присутни во салата поради нивната вклученост во други работни тела. Нивните амандмани не беа разгледани, бидејќи според Деловникот, додека предлагачот е отсутен, амандманот не се разгледува. Опозицијата од редовите на Албанците за време на процедуралните говори ја повтори потребата и важноста на Законот за државјанство.

Извор: Алсат М

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ана Николиќ односите со Раста ги нарече „одвратни“, а потоа менаџерот издаде една тајна! (ВИДЕО)

Angela

Какво време не очекува во следните четири дена?

Angela

ЌЕ ТРИЕТЕ ОЧИ КОГА ЌЕ ВИДИТЕ КАКО ИЗГЛЕДА – објавена снимка од Александра Пријовиќ во бикини, вакво тело посакува секоја девојка на тие години (ВИДЕО)

Angela