EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Реал Мадрид понуди 160 милиони евра за Мбапе, но ПСЖ ги шокира со одговорот!

По вчерашната информација дека Килиан Мбапе ја одбил понудата на ПСЖ за нов петгодишен договор, денешниот ден на релација Мадрид – Париз беше исклучително бурен.

Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ. Според извори блиски до клубот, Реал му понудил на Пари Сен-Жермен 160 милиони евра за Французинот и побарал дозвола да преговара со неговите застапници.

Според француските медиуми, парижани, ладнокрвно и брзо по понудата, одбиле да го продадат 22-годишниот играч за оваа сума и категорички ја отфрлиле понудата. Се чека реакцијата на Мбапе, кој неколку пати изрази желба да заигра за „кралскиот клуб“.

Не е исклучена можноста Реал Мадрид да ја зголеми понудата, но доколку катарските сопственици се упорни, шпанскиот гигант може да го добие Мбапе бесплатно следното лето.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Трите најљубоморни хороскопски знаци

Angela

СЛЕДНАТА СРЕДА НЕРАБОТНА, А ПОТОА И СПОЕН ВИКЕНД – убаво испланирајте си ги овие два неработни денови, бидејќи за другите ќе почекаме!

Angela

Кога мажите чувствуваат омраза кон жените

Angela