EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Роналдо го симна Касиљас од врвот и запиша нов рекорд во ЛШ

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана нов рекордер во Лигата на шампиони (ЛШ), откако настапи по 178 пат во кариерата во елитното натпреварување.

Роналдо до синоќа го делеше првото место со легендарниот шпански голман Икер Касиљас, но со настапот против Виљареал го урна рекордот.

На делба на третата позиција се Чави и Лионел Меси со по 151 настап, а зад нив е Рајан Гигс со 145 настапи во елитното натпреварување.

Роналдо запиша 101 настап во ЛШ со Реал Мадрид, 54 има за Манчестер јунајтед, а 23 во дресот на Јувентус.

Португалецот води и на листата со стрелци во ЛШ со 136 голови, втор е Меси со 121, додека Роберт Левандовски е на третата позиција со 77 погодоци.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се ближи ли крајот на рачните менувачи?

Angela

Дневен хороскоп за вторник, 24 август 2021 година

Angela

Не се воздржувајте од палачинки за време на постите

Angela