EXCLUSIVE MK
Македонија

Северна Македонија: Претстојните локални избори ќе се одржат на 17 октомври

Кампањата ќе стартува 20 дена пред денот на одржување на изборите.

Претседателот на Собранието денеска го потпиша решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и на Советот на град Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Скопје.

„Од надлежните институции очекувам избори на ниво кое се очекува од земја членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Апелирам до сите учесници во изборниот процес целосно да ги почитуваат Уставот како и да обезбедат кампањата и самиот изборен ден ќе се спроведуваат во духот на демократијата и фер процес.“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија.

Кампањата ќе стартува 20 дена пред денот на одржување на изборите. Џафери најави дека во тој период од 20 дена Собранието нема да заседава за, како што рече, на политичките партии и кандидати да им се овозможи целосно да се посветат на кампањата и изборите. Сепак, тој не ја исклучи можноста, ако има потреба, да свика итна седница на парламентот. Ставот на Џафери е дека сега – со стартот на предизборниот процес, не треба да се менува Изборниот законик чии предлог-измени, поддржани од најголемите партии од власта и од опозицијата, меѓу другото предвидуваат независните кандидати да можат да учествуваат на локалните избори ако соберат потписи од најмалку 2 отсто од вкупниот број гласачи во општината.

„Не мислам дека е соодветно на отпочнат предизборен процес да се мисли на промена на правилата. Што се можело да се напреави до сега требало да се заврши и затоа не би очекувал некој да иницира постапка за промена на правила среде процедурите.“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието на Северна Македонија.

Решението за распишување на локалните избори кое попладнето го потпиша Џафери е доставено до Државната изборна комисија која врз основа на него изготвува и усвојува роковник за изборните дејства.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

После една и пол година, учениците се враќаат во училиштата

Angela

Голем ден – Преображение Господово: Овие работи не смеете да ги правите

Angela

Навала за Грчка: На „Богородица“ за излез се чека околу еден час

Angela