EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Се дистрибуира гласачкиот материјал, за печатење потрошени 60 тони хартија

Шеесет тони хартија се искористени за да се испечатат гласачките ливчиња и другиот гласачки материјал за престојните локални избори в недела. Потрошена е голема количина хартија, зашто за овие избори има рекорден број листи со кандидати, политички коалиции и независни.

Уште рано изутринава, во комбиња на Македонски пошти и со големо полициско обезбедување започна транспортот на гласачките материјали од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола каде се печатеше, до општинските изборни комисии. Се врши дистрибуција на околу 4,5 милиони гласачки ливчиња и друг печатен материјал.

„За овие избори имаме за дистрибуција многу материјал до 80 општини плус градот Скопје. Има многу материјал зашто има рекорден број на листи на независни кандидати и независни листи, повеќе коалиции. Комбињата и камионите на Македонски пошти ги пратат и возила на МВР зашто се работи за доверлив материјал, гласачки ливчиња и изводи од гласачките списоци. Денес ќе се дистрибуира гласачкиот материјал, а за утре ќе остане да се предадат уште уредите за биометриска идентификација на гласачите“, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Гласачкиот материјал како и за низа претходни избори се печатеше во битолската печатница „Киро Дандаро“.

„За релативно краток период од 20 дена завршивме огромна работа, односно отпечативме околу 4,5 милиони ливчиња и огромен пратечки материјал, записници и сè што е потребно за спроведување на изборите. Овие гласачки ливчиња, според мене, се едни од најзаштитените зашто има преку 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, префрлање од едно изборичко место на друго, зашто сите се обележани со свое избирачко место. Отпечативме 40 тони хартија за ливчиња и плус околу 20 тони хартија за записници и други материјали“, рече Драги Милошевски, директор на „Киро Дандаро“.

Извор: Сакам да кажам – Автор: Ж. ЗДРАВКОВСКА

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

УТРЕ НИ ДОАЃА ПОЛНАТА РОЗОВА МЕСЕЧИНА – секој знак го очекува изненадување, особено еден знак ќе се заљуби токму на овој магичен датум

Angela

Лудило–салата од пиперки во масло и сирење: ова е врв, пробајте

Angela

Дијареја – како да си помогнете?

Angela