EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

СЗО алармира: 85 отсто од случаите со мајмунски сипаници се во Европа

Пријавени се 1500 случаи на мајмунски сипаници во 25 европски земји. Бидете внимателни бидејќи со овие бројки, мајмуните сипаници може да станат ендемска болест на стариот континент. Ова е алармот што го вклучи Светската здравствена организација.

Првите случаи беа регистрирани во Обединетото Кралство, а потоа вирусот брзо се прошири: колку повеќе циркулира, толку се поголеми ризиците. Засега не се препорачува масовна вакцинација, но на стариот континент се собираат дози од вакцина против мајмунски сипаници.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, предупредува: „Влеговме во летните месеци карактеристични по летниот туризам – вели тој – различни паради на гордости, музички фестивали и други масовни собири планирани низ целиот регион. Овие настани се моќни можности за интеракција со младите , сексуално активните и мобилните луѓе“, Клуге повикува на голема внимателност.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Моќна порака до жените од Анџелина Џоли: По смртта на нејзината мајка, таа проговори за тешката болест

Angela

Дневен хороскоп – за овој знак денеска доаѓаат пари, особено родените во овој знак ги очекува кавги со роднините

Angela

Филипче: Повредените патници се надвор од животна опасност

Angela