EXCLUSIVE MK
Свет

Силен земјотрес во Индонезија, нема предупредување за цунами

Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, околу 98 километри западно од градот Лувук, во провинцијата Централен Сулавеси

Подводен земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер денеска ја погоди централна Индонезија, но не беше издадено предупредување за цунами и нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, околу 98 километри западно од градот Лувук, во провинцијата Централен Сулавеси.Официјален претставник на Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика, Тауфан Маулана, рече дека земјотресот се почувствувал во многу делови на покраината, но оти нема опасност од цунами.Сепак, голем број граѓани на Палу избегаа на повисоки места, исплашени од разорниот земјотрес со јачина од 7,5 степени што го погоди градот пред три години кога загинаа повеќе од 4.000 луѓе.Индонезија, огромен архипелаг од 271 милиони жители, често ја тресат земјотреси, вулкански ерупции и цунами, бидејќи се наоѓа во таканаречениот „Пацифички огнен појас”, со голем број вулкани.Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Западен Сулавеси во јануари, при што загинаа најмалку 105 лица, повредени беа скоро 6.500 и раселени повеќе од 92.000 луѓе.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Црногорската полиција заплени 1,5 тон кокаин

Angela

Новите мерки за невакцинираните во Грција ќе важат и за туристите

Angela

ПРОНАЈДЕНИ МИСТЕРИОЗНИ ОСТАТОЦИ ОД ЕКСПЛОДИРАНАТА ПОДМОРНИЦА – светот во шок од најновата снимка која се прошири вирално (ВИДЕО)

Angela