EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Сликата околу која многумина се скараа: Колку коњи можете да забележите?

Всушност, оваа илузија е уметничка слика на сликарката Бев Делита, а таа ја насликала во 1975 година и ја нарекла „Пинто“

Иако некои криенки и загатки се многу лесни за решавање, има и такви за кои треба да одвоите време и да ги „наострите“ нервите и трпението. Па, токму тоа ќе ви треба за да ја решите оваа оптичка илузија.

Всушност, оваа илузија е уметничка слика на сликарката Бев Делита, која ја насликала во 1975 година и ја нарекла „Пинто“. Сликата покажува бело-кафеави коњи кои стојат на снег и се опкружени со кафени карпи.

Прилично вообичаено, нели? Но, колку коњи има на сликата? Многумина се судрија околу одговорот на ова прашање, бидејќи некои тврдат дека на сликата има пет коњи, додека други тврдат дека има седум.

Кој е во право?

Луѓето кои ја проучувале оваа слика велат дека уметницата насликала седум коњи, односно тврдат дека на сликата може да се најдат делумни делови од коњ, како што се главата и задниот дел од телото.

Сепак, уметницата, која сега има 74 години, тврди дека на сликата има само пет коњи.

Ако не успеавте да ги најдете сите пет коњи, погледнете го решението подолу.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Родена е во затвор, имала тешко детство, а сега се запишала на Харвард

Angela

7 занимливи факти за Месечината

Angela

Еве што вашиот ракопис кажува за вас!

Angela