EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Совет од стоматолози: Не е важно само кога туку и како ги четкате забите

Дури и ако ги миете забите двапати дневно, често користите забен конец и одите на стоматолог двапати годишно за рутинско чистење, можно е да прескокнувате еден важен чекор од оралната хигиена, а тоа е миење на јазикот.

Како да го исчистите јазикот

За почеток, треба да ги исчистите забите. Започнете со конец, потоа мијте ги забите минимум две минути. После тоа, време е да го измиете јазикот. Постојат два начина: традиционална четка за заби или стругалка за јазик (пластична или метална алатка дизајнирана да го отстрани горниот слој на бактерии и остатоци од храна).

Ако користите четка за заби, едноставно ставете ја на задниот дел од јазикот и нежно четкајте ја со кратки движења напред-назад. Целта е да се измие целата површина на јазикот. Ако користите стругалка за јазик, ставете ја на задниот дел од јазикот и нежно повлечете ја напред кон врвот. Направете го ова неколку пати, исплакнете ја стругалката по секое поминување.

Предности на четкање на јазикот

Чистењето на јазикот носи бројни здравствени придобивки:

Го подобрува здивот – Акумулацијата на бактерии на јазикот може да доведе до лош здив. Скоро половина од возрасните имаат халитоза (општо позната како лош здив).

Според една студија од 2013 година објавена во „Journal of Natural Science, Biology and Medicine“ се вели дека четкањето на јазикот може да ги неутрализира штетните бактерии кои шират лош мирис и да добиете посвеж здив.

Го намалува ризикот од расипување на забите и болести на непцата – Бактериите кои предизвикуваат лош здив можат да допрат и до вашите заби и непца, а тоа може да придонесе за проблеми како што се расипување на забите или заболување на непцата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кои се најљубоморните хороскопски знаци?

Angela

Трет син за Ана и Бастијан: Се породи убавата тенисерка

Angela

Каде не смеете да го поставите Wi-Fi рутерот?

Angela