EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Со млеко, мед и сирење до холивудскo лице

Доколку имате проблематична кожа склона кон акни и црвенило, тогаш на вашето лице му е потребна посебна и редовна нега.

Мора да најдете време барем 2-3 пати неделно да направите природна маска која ќе го подобри изгледот на кожата на вашето лице. Издробете свеж квасец и помешајте го со млако млеко, а добиената смеса подеднакво нанесете ја на лицето и оставете ја додека да се стврдне, а потоа измијте го лицето со млака вода. Оваа природна маска ја чисти и ја совежува кожата, а посебно се препорачува на жени склони кон митесери.

За природна маска од сирење и мед пак потребни се две лажици младо сирење што ќе се измеша со една лажица мед. Изедначената смеса на лицето се остава да дејствува 20 минути. Оваа маска најдобро е да се исчисти со топло млеко. Маската се препорачува на жени со чувствителна кожа склона кон црвенило.

Добро познатата маска од краставици е многу корисна за сува кожа. Исечкана краставица се става на лицето кое претходно добро е исчистено. Оставете ја маската да делува триесетина минути. Оваа маска не е потребно да се исзмива, со оглед на тоа што сокот од краставицата е многу подобар од обична вода.

Маска пак која ќе ја освежи кожата се добива со пасирање на еден свеж компир со малку свеж млеко и една жолчка. Оваа освежителна маска потребно е да се остави на лицето додека не се исуши, а потоа треба да се измие со млака вода.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ја критикуваа дека се здебелила по породувањето, а сега им ја затвори устата на сите: Еве како денес изгледа Адријана Лима (ФОТО)

Angela

По шест месеци брак ја остави поради Шехерезад: Еве како изгледа првата сопруга на турскиот актер Халит Ергенч (ФОТО)

Angela

Уште еден скандал во најава – принцот Хари со нови обвинувања за својот брат

Angela