EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони НАСЛОВНА

Тајни, но корисни опции кои ги има секој телефон

Невозможно е да го замислиме секојдневието без мобилен телефон. Најразличните апликации добро ни доаѓаат во различни ситуации кога времето ни е драгоцено.

Погледнете какви се тајни кријат паметните телефони за коишто сигурно до сега не сте слушнале.

Штедење на батеријата

На колкумина од нас им е најголем проблем празната батерија? Доколку ја намалите светлината на екранот на телефонот, автоматското регулирање на светлината на екранот ќе се иклучи така што батеријата ќе ви потрае подолго од вообичаено.

Блокирање на реклами 

На најлесен начи да се ослободите од досадните реклами кои неочекувано се отвораат дур ги користите омилените апликации е со поставување на телефонот на airplane mode. Но мора да се напомене дека се додека е вклучен airplane mode нема да можете да добивате повици ниту пак да се јавите некому.

Активирање на guest mode

Постојат моменти кога е неопходно некому да му го дадете вашиот телефон. Тогаш можете да го искористите guest mode со тоа што никој нема да може да ги отвори вашите лични информации.

Зголемување на екранот

Со допирање на екранот можете  да го зголемувате. Појдете во Поставувања->Пристапност->Подобрување на видливост->Зголемување. Ова е одлична поставка за луѓето со оштетен вид.

Фотографирајте додека снимате видео

Не морате да го прекинете снимањето на видеото за да направите фотографија. Треба само да го притиснете кругчето на кое има камера на екранот.

Немате копче за одбивање на повикот?

Ако сте корисник на Apple веќе знаете дека многупати сте немале опција да одбиете повик. Па, ако вашиот телефон е заклучен не можете да го одбиете повикот, но ако е отклучен телефонот ќе видите копче за одбивање на повикот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НЕА ЈА САКАШЕ ПРЕД ЦЕЦА – атрактивната актерка ставила точка на нивната љубов откако ја ишишал поради болната љубомора, му родила и дете! (ФОТО)

Angela

Што стилот на расправање говори за вашата врска?

Angela

Трогнат од судбината на жителите на Украина: Јапонец отвори бесплатен ресторан во Харков

Angela