EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Тајно отвориле две термоелектрани за да „копаат” биткоини

Компанијата “Link Global” во Алберија, Канада, спровела илегална операција за копање на биткоин, и со цел да обезбеди доволно енергија за тоа, тајно изградиле две термоцентрали, а за кои пак краделе гас од блискиот природен извор.

Како сето тоа да не е доволно, и ќе останеа неоткриени доколку електраните не им направеле бучава на соседите кои се капеле во надворешното џакузи.

Жителите на Грејстоун Манор се пожалиле уште минатата есен на иритантен звук, а како пример го дале „моторот на авионот што се загрева на пистата“.

„Имаме џакузи во дворот“, рече еден жител за Си -Би –Ес Њуз, додавајќи дека тоа е тивка, богата област.
Соседите се организирале и по неколкумесечна истрага, откриле дека „Линк глобал“ никого не известил за своите термоелектрани – ниту локалната самоуправа, ниту сопствениците на изворот на природен гас „Maga Energy“.

Комисијата за електрична енергија „Алберта“ сега бара 5,6 милиони долари од компанијата, за електрична енергија што ја потрошиле за ископување биткоин, како и дополнителни казни.

Утврдено е дека „Линк глобал“ чувал две термоелектрани кои работеле цели 426 дена. Тајните електрани напојуваа 4 генератори со по 1,25 мегавати моќност, голтајќи 210 кубни метри гас на час.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскоп за следните шест месеци

Angela

Сакал да ја запроси девојката на натпревар, обезбедувањето го соборило на земја: „Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадион“ (ВИДЕО)

Angela

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Angela