EXCLUSIVE MK
Автомобили

Трка на најбавните електрични автомобили

Британскиот Whar Car се впушти во уште еден историски предизвик. Место да ги споредува најсилните и најскапи автомобили со погон на струја, магазинот избра четири електрични микроавтомобили и квадрицикли, и ги пушти на трка на 400 метри, како и на тркачка патека.

Ова е најбавната трка во спринт на 400 метри во светот, а сосем е извесно и дека е најтивката. Учесниците во трката се избрани модели од сцената на електричните автомобили: Renault Twizy, Citroen Ami, Micro Electric и Reva G-Wiz од постаро годиште. Тоа се најдостапните „автомобили“ со погон на струја – реално, тоа се квадрицикли.

Четирите автомобили се наменети за градското секојдневие и претставуваат најосновна форма на индивидуална мобилност на сцената. Единствено Renault Twizy смее да се движи по автопат, останатите се пребавни за тоа. Дури и вратите кај некои од нив се луксуз за којшто треба да се доплати.

Во категоријата за возните својства, јасен победник е Citroen Ami. Неговите соперници во дел се премногу „страшни“ за со нив да се влегува побрзо во свијок. Комфорот исто така е непознаница.

Тоа што требаше да личи како здодевна трка, всушност се покажа како мошне возбудливо соочување. Видео што дефинитивно вреди да се изгледа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Сони“ најави компанија за електромобили

Angela

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија

Angela

Lada подготви освежување за култната Niva Bronto

Angela