EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Уапсени 28 лица за групно силување на девојче

Индиската полиција уапси 28 лица под сомнение за групно силување на 15-годишно девојче, пренесува Би-Би-Си.

Властите во Индија го истражуваат случајот во кој девојчето било силувано во период од околу девет месеци, објавија локалните медиуми.

Извештаите тврдат дека се’ започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели наводно ја користеле снимката за да ја уценуваат и да имаат секс со неа. Властите соопштија дека групните силувања се случиле во различни предградија на Мумбаи.

Девојчето, најпосле, го пријавило случајот во полицијата, именувајќи вкупно 33 напаѓачи.

Од групното силување на жена во автобус во 2012 година, што предизвика глобален гнев, Индија воведе строги закони за решавање на злосторствата од сексуална природа, но и покрај тоа,  силувањата претставуваат сериозен проблем во земјата.

Само минатата година, Националното биро за евиденција за криминал во Индија регистрираше 28.046 случаи на силување – или речиси 77 случаи на ден.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кога мажите чувствуваат омраза кон жените

Angela

Поранешната на Аца Лукас ги остава мажите без здив: Соња го прослави роденденот во секси издание (ФОТО)

Angela

Како да ослабите 4 кг за 7 дена

Angela