EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Утре е Света Петка- штити од разни несреќи, но и од многу болести

Утре на 27 октомври се празнува света Петка. Православните верници ја слават Света Петка или Црна Света Петка, зошто веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“

Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

(ВИДЕО) Е ТОА Е ТЕЛЕПАТИЈА: Момче и девојка се запросиле во исто време

Angela

Дончиќ го импресионираше Попович: Замислете да постои Југославија…

Angela

Колку време можат да стојат јајцата без да се расипат?

Angela