EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Утрински навики поради кои сте уморни во текот на целиот ден

Постојат многу причини поради кои би можеле да се чувствувате истоштени цел ден, дури иако спиете доволно.

Поради некои утрински навики може да бидете уморни во текот на целиот ден.

Не залудно се вели „по утрото, денот се познава“ бидејќи утринските навики може да влијаат врз тоа како ќе се чувствувате во текот на денот.

Одложување на алармот

Стручњаците тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја бидејќи со тоа се нарушува REM фазата на спиење. Ако постојано ја прекинувате таа фаза, ќе се чувствувате уморно и без енергија.

Покрај тоа, постои ризик и да се успиете при што ќе задоцните на работа или ќе задоцните на состанокот. Затоа најдобро е да станете веднаш откако ќе заѕвони алармот и секој ден да се будите во исто време.

Првото утринско кафе

Дали знаете зошто не е добро да пиете кафе веднаш откако ќе се разбудите? Кофеинот го зголемува хормонот на стрес и може да доведе до проблеми со спиење, а после некое време повторно ќе чувствувате умор.

Најдобро е да го испите првото кафе по појадокот, а не на празен стомак.

Излежување во кревет

Дополнителните 5 минути нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетус предизвикува стрес, а подобро ќе се расоните доколку се истегнете.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НИКОГАШ ПОЛЕСНО ДЕПИЛИРАЊЕ НА НАДУСНИЦИТЕ! Направете ја оваа ШЕЌЕРНА ПАСТА сами и безболно ослободете се од влакната!

Angela

Пет совети за првото сексуално искуство во животот

Angela

Што ќе ни донесе 15 мај кога ќе заврши ретроградната фаза на Меркур?

Angela