EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато СПОРТ

Фиеста на Ферстапен во Мексико за „плус 19“ пред Хамилтон

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен славеше вечерва на Формула 1 трката за Големата награда на Мексико и сега има 19 бодови предност во однос на второпласираниот Луис Хамилтон во генералниот пласман.

Ферстапен до втората последователна победа дојде по одличниот старт, кога изби од третата позиција на првата позиција.

Второто место му припадна на возачот на „Мерцедес“ и актуелен светски шампион Хамилтон, додека третото место му припадна на домашниот возач и член на „Ред Бул“, Серхио Перес.

Возачот на „Алфа Таури“, Пјер Гасли беше четврти, а Шарл Леклер од Ферари заврши петти.

Бодови освоија уште Карлос Саинц („Ферари“), Себастијан Фетел („Астон Мартин“), Кими Раиконен („Алфа Ромео“), Фернандо Алонсо („Алпин“) и Ландо Норис („Мекларен“).

Најбрзиот круг на трката во последниот круг го извозе возачот на „Мерцедес“, Валтери Ботас, кој стартуваше од пол-позицијата, но не успеа да стигне до бодовите, односно заврши дури на 15 место.

Во генералниот пласман на четири трки пред крајот на сезоната Ферстапен има 312,5 бодови, додека Хамилтон е втор со 293,5 бодови. Следната трка ќе се вози за Големата награда на Бразил, на 14 ноември.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Петмина загинати на аеродромот во Кабул

Angela

Луѓето пред 900.000 години биле пред исчезнување

Angela

Неверојатни факти за храната што ја јадеме

Angela