EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Фото: Мапа на сите земјотреси во регионот од 1960 година

Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави мапа на сите земјотреси што се случиле во југоисточна Европа од 1960 година.

Како што објаснува „EMSC“, жолтите и портокаловите точки претставуваат земјотреси што се случиле во регионот од 1960 година до денес. Потоа ги наведува трите најсилни земјотреси што го погодиле регионот.

Најразорно било на 15 април 1979 година, на околу 15 километри од црногорското крајбрежје. Загинале 129 лица, а магнитудата била 6,9 степени.

Вториот најразорен земјотрес бил на 1 јуни 1905 година во Скадар, со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Ккао што пишува „EMCS“ загинале 120 луѓе.

Третиот бил во Албанија во 2019 година. Магнитудата била 6,4 степени според Рихтеровата скала, а загинале 51 лице.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сончево, ветровито и топло до 29 степени

Angela

Пожарот во модуларната болница во Тетово настанал од спој од кабел на дефибрилатор

Angela

Петмина исчезнати во поплавите во Турција

Angela