EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

ФФМ официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на репрезентацијата

Фудбалската федерација на Македонија, денеска на прес-конференција официјално го промовираше Благоја Милевски за нов селектор на „А“ националниот тим.

Претседателот Муамед Сејдини, му посака среќа на Милевски во новата работа, и кажа дека тој и сите во ФФМ се убедени дека оваа генерација и новиот селектор ќе донесат успеси.

„Од мое име и од име на ФФМ му честитам на Благоја Милевски за селекторското место. Дојде како човек кој создаде генерација на успешни репрезентативци, ја започна генерацијата која донесе огромен успех. Јас и федерацијата сме уверени дека тој и фудбалерите имаат капацитет да донесат огромни успеси.“, рече Сејдини.

Новиот селектор Благоја Милевски кажа дека сите околу репрезенатцијата треба да функционираат како тим, и дека ќе мора некако да се надополни отсуството на Горан Пандев кој се прости од националниот дрес.

„Благодарност до сите, до ФФМ и до претседателот за укажаната доверба. Верувам максимална ангажираност. Нетрпеливо чекам да почне соработката со многу познати лица од минатото и искрено сум позитивно возбуден“, истакна Милевски.

„Она што следува за престојниот циклус е да останеме конкурентни до крајот. Не треба да се водиме само од победата над Германија. Таа победа нема ништо да значи ако не сме на нивото на секој меч. Ќе се обидеме да го искористиме потенцијалот со кој располагаме“, потенцираше Милевски.

Ќе мора да најдеме како да ја потполниме дупката која несомнено ќе остане по пензионирањето на Пандев, кажа новиот селектор на официјалната прес конференција.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Базен во куќата, кристален лустер, мермерни скали: Погледнете го секој агол од вилата на Цеца на Дедиње (ФОТО)

Angela

Ова е нивната тајна: Еве зошто некои парови блескаат од среќа

Angela

„За идната мајка“: Ќерката на Топалко доби луксузен подарок од сопругот, еве со што се пофали

Angela