EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Хоспитализираните во Пирогов се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов“.

Вчера беа оперирани двајца пациенти кои исто така се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано.

Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат, велат од „Пирогов“.

Во болницата се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот Струма во раните утрински часови на 23 ноември.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Почнаа подготовките за Илинден – коњаницата на пат кон Крушево (видео)

Angela

Вереникот ја оставил затоа што била предебела: Две години подоцна станала „Мис на Велика Британија“, особено во нејзините гради ќе се ѕверите со часови!

Angela

За брзо возење казнети 148 лица

Angela