EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Убавина

Храна која поттикнува природно производство на колаген

Колагенот е протеин кој на кожата ѝ дава структура, еластичност и помага во процесот на стареење. Со негова помош исчезнува бледилото на кожата, а ако го има доволно брчките се појавуваат многу побавно, пишува PinkVilla.

Храната има клучна улога кога станува збор за производство на колагенот. Благодарение на овој протеин кожата изгледа помладо, поеластично и има подобра структура. Наместо да се трошат пари на скапи креми, може ќе биде доволно малку да ја адаптирате исхраната.

Одредени намирници можат да помогнат во зголемувањето на колагенот:

Пилешко

Пилешкото е богат извор на колаген за кожата и зглобовите, а доколку јадете здрави количини месо во комбинација со зеленчук, за кожата ќе овозможите хранливи состојки потребни за убав и младешки изглед.

Домати

Доматите се богат извор на витамин Ц, кој е исклучително важен за производство на колаген. Исто така содржат и голема количина ликопен, силен антиоксиданс важен за кожата.

Белки од јајца

Белките содржат ткиво кое има огромни количини на пролин, неопходен за производство на колаген. Белките се најдобри за појадок.

Цитрусни овошја

Колагенот бара доста витамин Ц, а со оглед на тоа што цитрусните овошја се богати со витамин Ц, секако се советува што повеќе да ги вклучите во исхраната.

Портокалите, грејпфрутот и лимонот се одлични за летните денови и како дел од овошна салата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЗАВИСНИ СТЕ ОД КАФЕТО? Во овие моменти никако не смеете да го пиете!

Angela

Напиток кој ќе ви го реши проблемот со целулитот

Angela

Вистинска „бомба“ со која ќе ја подобрите

Angela