EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Цените на гасот на европските берзи рушат историски рекорди

Велика Британија не се плаши дека ќе се соочи со недостиг од гас оваа зима и покрај наглиот пораст на цените, но е загрижена за зголемувањето на цените на гасот и другите енергенси, изјави министерот за бизнис, енергија и индустриска стратегија Кваси Квартенг во парламентот.

„Иако Обединетото Кралство, како и многу други европски земји, беше погодено од глобалниот пораст на цените на гасот, нашата предност е што имаме многу различни извори на снабдување. Имаме повеќе од доволно капацитет за да ја задоволиме побарувачката. Не очекуваме вонредни ситуации со снабдувањето со гас оваа зима. Прашањето за недостигот од енергенси и можноста луѓето да не можат да ги загреат своите домови не се ни разгледуваат“, рече Квартенг.

Министерот нагласи дека нема да се повтори енергетската криза од 1974 година, кога британските компании се снабдуваа со електрична енергија само три дена во неделата.

Тој ги нарече спротивните тврдења „длабоко погрешни и сензационалистички“.

Сепак, призна дека зголемувањето на цените на гасот и електричната енергија се прашање што ги загрижува економистите и владата, која во сегашната ситуација смета дека нејзина главна задача е да ги заштити интересите на потрошувачите.

Минатата среда цените на бензинот на европските берзи срушија историски рекорд, и во својот врв достигнаа скоро 970 долари за илјада кубни метри, но потоа паднаа. Во понеделникот наутро, цената на гасот на европските берзи повторно скокна на над 900 долари за илјада кубни метри, но потоа падна по веста дека норвешки Еквинор добил дозвола да го зголеми извозот на гас од своите крајбрежни полиња Осеберг и Трол.

Експертите веруваат дека цената на гасот во Европа под одредени услови може да достигне илјада долари за илјада кубни метри. Фактори што би можеле да влијаат на тоа се ситуацијата на пазарот за гас во Азија, временските услови во Европа и датумот на пуштање во употреба на гасоводот Северен тек 2.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Преживеаните во несреќата во Бугарија се во стабилна општа состојба

Angela

Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ

Angela

ДЗС: Попишани вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови

Angela