EXCLUSIVE MK
Ракомет СПОРТ

Јагуриновски пристигна на Исланд во тимот на Алушовски

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи на Исланд, каде ќе соработува со Стевче Алушовски.

23-годишниот играч, кој знае да игра како десен бек и како десно крило, пристигна во редовите на исландскиот второлигаш Тор и стави потпис на договорот. Во екипата тој доаѓа по барање на тренерот Алушовски ,со кого соработуваше во Вардар и во Пелистер.

Играчот кој се најде на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров своето деби во дресот на Тор ќе го има на следниот натпревар, затоа што веќе е регистриран и доби дозвола да игра во новата средина.

Јагуриновски почна со професионалната кариера во Вардар Јуниор, па патот до Тор го водеше преку Металург, Еурофарм Работник, Пелистер и првиот тим на Вардар 1961.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ракометарите на Шведска го совладаа домаќинот, Шпанија подобра од Норвешка

Angela

Ѓоковиќ жестоко го нападна АТП: Поважен им е профитот отколку играчите

Angela

Сеферовиќ го постигна најбрзиот гол во историјата на Лигата на Нации 🎥

Angela