EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Џиновско јапонско грозје се продава по цена од 10.000 долари за килограм

Црвено грозје, со зрна големи колку топчињата за пинг-понг, како што пишува „Лукс лајф“ (Lux life) – „полни со вкусни сокови кои пукаат во Вашата уста“, и кои можат да тежат до 20 грама, може да вреди и до 10.000 долари за килограм.

Освен што е така сочно, ова грозје има и високо ниво на шеќер и ниска киселост. Нешто како бонбони со помалку кисел вкус, но меки и сочни… Не е секогаш со иста цена, но пред извесно време, некои богати лица за ова грозје платија рекордни 10.000 долари за килограм, што значи дека еден грозд чинел околу 470 долари. За оваа сума можете да купите прстен од 18-каратно злато со дијаманти и рубини и плус да побарате да Ве хранат со грозје додека се замислувате во улогата на царот, според проценките на порталот.

Светот ова грозје го нарекува „Руби Роман“ затоа што е „убаво како рубин и се чувствувате како римски император“ додека го јадете грозјето.

Овој скапоцен плод потекнува од јапонската префектура Ишикава, а првпат во 2008 година беше претставено како врвно овошје. Вообичаено, компаниите го даваат како промотивен подарок, па затоа и е толку баран.

Покрај тоа, лозарите продаваат само одредена количина во определено време, со цел да ја задржат ексклузивноста, побарувачката и цената.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

КОНЕЧНО СЕ ВРАЌА СОНЦЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – еве какво време не очекува, особено подгответе се за викендот кој е пред нас!

Angela

ИМАЛО ЗОШТО ЈА КРИЕ ОД ЈАВНОСТА – кога светот дозна колку години има девојката на Халанд таа со право ги избришала социјалните мрежи (ФОТО)

Angela

ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ТИНА ТАРНЕР – еве како ќе биде испратена легендата на рокенролот на сопствениот погреб

Angela