Медот во комбинација со други природни состојки е познат како благотворен препарат кој го чува имунитетот.
Ренот е одличен сојузник во борба против настинки и бронхитис бидејќи содржи глукозинолати – соединенија кои го разредуваат густиот секрет и го олеснуваат неговото исфрлање од организмот.
Медот е исто така одличен поради своето антисептичко и смирувачко дејство, а медот од липа е познат во лекувањето на бронхијални тегоби и настинки.
Овие две комбинации со мед и други лековити намирници ќе ви помогнат да ги прочистите белите дробови и да ја ублажите кашлицата.
Мед, рен и ѓумбир
Направете природен лек така што ќе помешате две шолји мед, половина шолја изрендан ѓумбир и половина шолја изрендан рен. Мешавината оставете ја да отстои 2 недели, а потоа земајте по 1 лажица дневно секое утро. Доколку не можете да ја јадете поради силниот вкус, ставете 1 лажичка од смесата во чај и испијте.
Мед, рен и морков
Направете смеса од мед, изрендан рен и изрендан морков во однос 1:1:1 (ако ставите 100 гр. мед, ставете 100 гр. рен и морков), измешајте и можете веднаш да консумирате по 1 лажичка за почеток.
Ако веднаш ја консумирате оваа мешавина – внимавајте бидејќи ренот има силен вкус, но по неколку дена медот ја извлекува лутината и смесата станува блага.