EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

29 ГОДИНИ АРМ: Зошто денешниот ден е избран за роденден на армијата?

Армија на Македонија (службено Армија на Република Северна Македонија; сè уште позната само како АРМ) — вооружени сили на Македонија со нивните составни војски и родови.

На 17 ноември 1991 година Собранието го усвојува Уставот на Република Македонија, според кој Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а одбраната на државата се организира со сопствени вооружени сили.

На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.

Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Република Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Сепак со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната Армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.

Претходно, македонските војници организирани во територијална одбрана успешно го извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е преземен првиот воен објект – зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е преземена правта караула “Рамна нива” на македонско – бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општина Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна „Илинден“.

По завршувањето на сите подготовки за прием на првата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут — Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на вооружените сили на Република Македонија.

Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ кои се определија да останат во Република Македонија, ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Република Македонија.

18 август, е избран како датум за роденден на АРМ, бидејжи денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација  на НОВ на  Македонија.

Мисија на АРМ

Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).

Денес АРМ празнува 29 години постоење. По тој повод ќе се одржат повеќе свечености, на кои ќе се обратат претседателот и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Здрава храна која прави да се чувствуваме уморно

Angela

Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил

Angela

Кои се најљубоморните хороскопски знаци?

Angela