EXCLUSIVE MK
Uncategorized Љубов и интима ЗАБАВА

3 совети од Кама Сутра со кои интимниот однос станува незаборавно искуство

Многумина Кама Сутра ја доживуваат како збирка на сексуални пози, но таа е многу повеќе од тоа.

Освен на сексот, древниот запис се фокусира и на односот меѓу љубовниците, но и на самата љубов.

Три совети со кои сексот ќе стане незаборавно искуство:

1. Предиграта е клучен дел од сексот

Според Кама Сутра нема добар секс без предигра која мора да биде темелно обработена. Притоа предиграта не е само физичка.

Според Кама Сутра и интимноста е предигра, а таа вклучува квалитетна комуникација и вербално искажување на љубовта. Авторите на текстот наведуваат дека важно е љубовниците на сите можни начини да докажат колку се сакаат, а во тоа имаат улога и допирите и зборовите.

2. Жената секогаш има предност кога станува збор за оргазмот

Познато е дека мажите полесно и побрзо доживуваат оргазам, додека на жените им е потребна малку поголема стимулација.

Поголем дел од мажите сега ќе помислат дека логично е тие први да доживеат оргазам, но Кама Сутра не се согласува со тоа.

Имено, во текстот пишува дека жените имаат предност, а доколку мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја разбира и цени својата партнерка.

3. Сексот треба да се цени

Според Кама Сутра целта на сексот не е само физичкото задоволство туку мора да се разгледува како нешто многу позначајно.

Сексот е пат до подобра комуникација, а колку што комуникацијата е подобра, толку и поврзаноста на љубовниците и нивното задоволство ќе бидат поголеми. Суштината на сексот е во довербата, отвореноста, грижата за партнерот, како физички така и емотивно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Македонскиот филм „Те дуа, жими мене“ доби престижна награда на фестивал во Албанија

Angela

Како да се однесувате на првиот состанок?

Angela

Научници од САД работат на нови нехормонални апчиња за контрацепција за мажи

Angela