EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

3-те најчести причини поради кои мажите изневеруваат

Психолозите спровеле бројни истражувања за да ги утврдат причините поради кои тие се впуштаат во љубовни афери.

И мажите и жените изневеруваат од различни причини, а истражувањата покажале дека мажите изневеруваат повеќе од жените.

Психолозите утврдиле дека тие најчесто тоа го прават кога потребите во односот не им се исполнети, па задоволството го бараат на друго место.

1. Не им значи повеќе односот со вас

Главната причина поради која мажите најчесто изневеруваат е тоа што повеќе не им значи односот со вас, особено кога станува збор за секс. Можеби само го изгубиле интересот за својата партнерка или пак сексот станал здодевен, па трагаат по возбудување надвор од врската.

2. Ја искористуваат шансата

Можеби станува збор за колешка од работа, стара пријателка со која ја обновиле врската по пат на социјалните мрежи или пак некоја дама која ја запознал на пијалак после работа. Кога мажот кој моментално не е претерано задоволен со примарниот однос ќе сфати дека има шанса за брз секс, тој тоа ќе го искористи.

3. Патат од емоционален хаос

Мажите изневеруваат и кога ќе сфатат дека жената со која се во врска или пак брак предизвикува емоционален хаос, често среде кавгите. Интересно е што мажите и жените различно се носат со неверствата во врската.

Мажите во такви ситуации најчесто се однесуваат деструктивно, а токму сексот е тој којшто им помага да ги заборават приватните проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за четврток, 2 декември 2021 година

Angela

5 најдобри книги што можете да ги прочитате во еден ден

Angela

Го местите креветот наутро или не – што кажува тоа за вас?

Angela