EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

316 позитивни на коронавирус, 10 починати

Во изминатото деноноќие се регистрирани 316 нови случаи на коронавирус, а 10 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 4 починати во период од 13 до 17 септември, се вели во соопштението.

Направени се 3.486 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 140, Велес и Штип по 19, Куманово 38, Кавадарци 16, Струмица 11…

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 7.029.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 194.891, бројката на оздравени пациенти е 180.031, на починати е 6.831.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Таа си замислува дека е рамна со него, познат психолог за Марка објаснува за проблемите меѓу Роналдо и Георгина

Angela

Цената на барел нафта на највисоко ниво, ќе поскапат горивата

Angela

Од денеска парно греење за скопјани

Angela