EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

5 причини зошто јагодите се наше омилено овошје во јуни

Веќе започна сезоната на јагодите, а ова овошје содржи многу корисни состојки.

Освен што се вкусни и освежувачки, тие и мирисаат одлично, а се богати со многу витамини и антиоксиданти.

Ова се главните придобивки од јагодите.

Помагаат во согорување на насобраните масти

Нивната црвена боја содржи антоцијанини кои го стимулираат топењето на наталожените масти. Нашиот организам ги користи како гориво, што ги прави многу ефикасни во процесот на намалување на телесната тежина.

Го подобруваат краткорочното помнење

Веќе споменатите антоцијанини се одговорни за подобрување на краткорочното помнење. Истражувањата покажуваат дека тоа може да се подобри дури за 100% со редовно консумирање јагоди во тек од осум недели.

Малку калории, многу природни влакна

Треба да имаме на ум дека 100 гр јагоди содржат само 33 калории, а дури 58 мг витамин Ц што покрива дури 98% од дневните потреби. Јагодите се богати со природни влакна, а комбинацијата со нитрат помага при протокот на кислородот во крвта во телото, што го забрзува и метаболизмот и помага при слабеењето.

Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Редовното јадење јагоди го намалува лошиот холестерол што автоматски го намалува и ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Тоа се должи на природните влакна, како и калиумот кој тие го содржат што е одлично за срцето и крвниот притисок.

Го забавуваат процесот на стареење

Витаминот Ц кој се наоѓа во јагодите придонесува за лачењето колаген кој на кожата и дава еластичност. Содржат и елагична киселина која го спречува уништувањето на колаген и воспаленијата во клетките на кожата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кинезот кој крена 313 килограми со една нога за златен медал и олимписки рекорд

Angela

ЕДНИОТ ГО ПРОНАЈДЕ МРТОВ ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ, ДРУГИОТ СИН И ПОЧИНА ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ – животот на Тина Тарнер исполнет со големи трагедии!

Angela

Брз и лесен летен рецепт за „паста ала зука“, фората е во тиквичките

nenad