EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

7 занимливи факти за Месечината

Пред половина век луѓе за првпат стапнаа на Месечината. Оттогаш, дознавме многу, многу нешта за единствениот сателит на Земјата. Потсетуваме на некои од најзанимливите…

Месечината се намалува!

Според истражувањето на НАСА, Mесечината полека губи топлина, што предизвикува нејзината површина да се збрчка, како грозје што се претвора во суво грозје. Но, тоа не е сè: нејзината површина се намалува! Месечината стана околу 50 метри „послаба” во обем во изминатите неколку стотина милиони години.

Како ли се виори тоа американско знаме?

Теоретичарите на заговор веруваат дека слетувањето на Месечината е лажно и оти Нил Армстронг и Баз Олдрин на 21 јули 1969 година, чекорелево студио наместо на Месечината. Тие укажуваат на фактот дека знамето поставено од Олдрин се виорело како да е придвижено од ветер, што е невозможно во вакуумот во вселената. Објаснување на НАСА: Олдрин го извртел држачот на знамето кога го забодел во земја.

Многу жешко и смрзнувачки ладно

Лето е, можеби се препотувате на горештините во моментов. Но, запомнете: температурите на Месечината се далеку поекстремно. Кога Сонцето ја грее нејзината површина, температурата може да достигне до 127 Целзиусови степени. Без топината на сончевата светлина, температурата може да падне и до -153 Целзиусови степени. Бррр!

Човек на Месечината

Митот за личност која живее на Месечината постои речиси исто колку што и самиот земјин сателит. Некои луѓе гледаат лице на површината на полна Месечина, составена од темни лунарни рамнини и посветли лунарни висорамнини. Многу култури имаат приказни за вистински човек кој направил нешто погрешно и поради тоа бил протеран на Месечината. Сепак, астронаутите допрва треба да ги сретнат.

Одалечување – крај на сончевите затемнувања

Месечината се оддалечува од Земјата со брзина од речиси 4 сантиметри годишно. Колку подалеку толку помалечок ни изгледа нашиот сателит. За околу 550 милиони години, ќе изгледа према за да го „покрие“ целото Сонце, дури и во најблиската позиција до Земјата. Тоа значи нема да има повеќе тотални затемнувања на Сонцето.

Волците не ги засега Месечината

Ах, завивање на полна Месечина – не постои постар хорор филм без тоа. Но, всушност, волците не го интензивираат нивното завивање на полна Месечина, и тие не го насочуваат своето завивање кон Месечината. Тие едноставно завиваат ноќе кога, исто така, најмногу се гледа полната месечина. Тоа може да биде една од причините зошто нашите предци ги поврзале овие две работи.

Луѓе кои стапнале на месечината: Не многу разновидна група

12 луѓе досега стапнале на Месечината. Иако се од различни професионални полиња, тие имаат неколку заеднички работи: Сите се Американци, сите се бели и сите се мажи. Ајде да видиме од каде ќе биде првиот не-Американец на Месечината – можеби тоа ќе биде жена и / или личност со друга боја на кожата!

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

КОЧАНИ: „Ќе изгори градот, има ли некој во оваа држава“ (ВИДЕО)

Angela

(ВИДЕО) Хеликоптерите кои го гаснат пожарот во Пехчево полнат вода од браната во Берово

Angela

Џабе се фалите – бројот на партнерки не ве прави подобри љубовници

Angela