EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Шоу биз

Победничката на Евровизија од 2012 година повторно ќе пее

Македонија нема да учествува на изборот за Песна на Евровизјата во 2023 година, поради што во нашата јавност оваа пролет помалку се зборува за овој настан, кој вообичаено го пленеше вниманието.

Но, другите земји учеснички ја следат својата агенда, во пресрет на големиот настан што е закажан на 13 мај во Ливерпул, градот кој е познат како „родно место“ на некогаш најпопуларниот бенд во светот, Битлс.

Така, шведскиот јавен сервис SVT во саботата на 11 март го одржа финалниот домашен избор, на кој првично беа пријавени 23 песни, но беа селектирани само половина од нив. Избирајќи меѓу 12 песни во финалето, победник е песната „Tattoo“ што ја изведува Лорен, пејачката која веќе ја претставуваше оваа земја на Евровизија во 2012 година во Баку, Азербејџан и ја однесе победата на тоа натпреварување.

Сега таа освои првото место на националниот избор со 177 поени наспроти 138-те поени на второпласираниот.  За популарноста на песната укажуваат и фактите дека истата станала „број 1“ на националаната топ листа, како и дека има преку 8 милиони слушања на „Spotify“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЛЕДНАТА СРЕДА НЕРАБОТНА, А ПОТОА И СПОЕН ВИКЕНД – убаво испланирајте си ги овие два неработни денови, бидејќи за другите ќе почекаме!

Angela

Овие нови опции штотуку пристигнаа на Messenger и Instagram

Angela

Одмор за раскажување: Тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија

Angela